Archive for декември, 2010

15 декСПАРТА И АТИНА -градови држави-полиси

250px-Sparta_territory Историјата на Хелада -Стара Грција  е историја на двете  најмоќни грчки градови држави: Спарта и Атина. Тие го предводеле грчкиот свет.

Спарта се наоѓала на јужниот дел на полуостровот Пелопонез во областа Лаконија. Кон крајот на вториот милениум  пред н.е. воинственото племе Дорци ја освоиле областа Лаконија  и го основале градот Спарта, кој прераснал во еден од најзначајните грчки градови држави-полиси. Населението во Спарта се делело  на: спартијати, периеки и хелоти. Спартијатите ја сочинувале владејачката класа што значи тие ја имале сета власт во државата. Периеките го преставувале староседелското население, кое се занимавало со  полјоделство, сточарство, занаетчиство и трговија. Тие биле слободни луѓе но немале политички права. Хелотите биле покорено население претворено во робови.  Спарта имала робовладетелско општествено уредување.

На чело на државата  Спарта стоеле два крала, кои во време на војна биле старешини. Со државата управувал совет на старци- герузија кого го сочинувале 28 спартијати постари од 60 години  плус двата крала. Постоело и народно собрание- кое го сочинувале сите возрасни спартанци со наполнети 30 години и способни да носат оружје. Спарта била аристократска монархија.

СПАРТАНСКО ВОСПИТАНИЕ Спартанците му посветувале особено големо внимание на воспитанието на своите деца. Главна цел на тоа воспитување била од децата да се  подготват  добри идни војници. Затоа, слабите  и болникави деца  непосредно по раѓањето ги фрлале во провалија (бездна)  на планината Тајгет, а ги чувале  само здравите и снажните , кои останувале во семејството до својата седма година. Потоа ги одвојувале од родителите  и ги воспитувале во посебни училишта – гимназии.  Таму најмногу внимание му се посветувало на физичкиот  развиток на децата  а многу малку учеле да читаат и пишуваат.  Изведувале разни физички вежби: трчање, борење, мечување, фрлање копје  идр.  Ги учеле да бидат издржливи, се миеле со студена вода, оделе боси и малку облечени и спиеле на тврда постела.  Биле познати по нивното кратко и јасно изразување и одговарале само кога ке бидат прашани – лаконски говор. Нивната смисла на животот била да се победи или да са загине во борба.  Со воспитанието биле опфатени и женските деца кои биле подготвувани подоцна да станат мајки на здрави деца.  Младите спартанки учеле во посебни  гимназии, таму се занимавале со гимнастички вежби,  со музика и со пеење.     Спарта била најсилна војничка држава  во Пелопонез. Заплашени од освојување и поробување, останатите пелопонески градови-држави  склучиле сојуз со Спарта и во 505 година п.н.е.  се оформил Пелопонескиот сојуз. .atika АТИНА се наоѓала  на полуостровот Атика, кој го зафаќал  југоисточниот дел на средна Хелада. Атина била  создадена од племето Јонци.  Населението во Атина се делело на евпатриди-аристократи (богати),  демос (народ),  и робови.   Евпатридите биле  носители на атинската аристократска власт. Тие биле војсководци и сопственици на најплодната земја.  Демосот го сочинувале селаните, занаетчиите и трговците. Тие биле најбројни и слободни но немале политички права.  Робовите во Атина  биле помалубројни и нивната положба била подобра отколку во Спарта.  И во Атина на почетокот на чело се наоѓал  крал покрај кралот  имале и совет на старци- ареопаг, составен од видни аристократи, имало и народно собрание кое го сочинувале сите полнолетни мажи.  Подоцна кралсакта власт била укината, а со државата почнал да управуваа Совет  од девет архонти (управувачи). Тие биле избирани секоја година од редовите на  аристократијата-евпатридите.   Припадниците на демосот не биле задоволни од  својата положба  во државата и барале поголеми права. Аристократијата била приморана да попушти. Дозволила да се направат некои реформи (промени).  Најзаслужни за спроведувањето на овие реформи  биле Дракон, Солон и Клистен. Со реформите  демосот добил поголеми права. Сите слободни  граѓани во Атина  добиле право да учествуваат  во управувањето со дражавата.  Со тоа завршила долгата борба на демосот со аристократијата во која победил демосот.  Во Атина сега било воведено  демократско уредување (владеење на демосот- народот).  Сета власт ја имало  Народното собрание, кое го сочинувале сите  слободни полнолетни граѓани.  Атинската држава својата најголема моќ ја достигнала во  V век п.н.е.  кога на чело на државата се наоѓал  водачот на демократите Перикле.   Атињаните го создале  Атинскиот поморски сојуз кон кој  биле приклучени и грчките градови држави што се наоѓале  покрај морскиот брег или на островите на Хелада.  Помеѓу Атинскиот поморски сојуз и Пелопонескиот сојуз на чие чело била Спарта постоело соперништво, особено во трговијата. Тоа било причина за избувнување  на војна  позната како Пелопонеска војна која со прекини траела од 431-404 година п.н.е. Многу градови биле разрушени, земјата опустошена. Пелопонескиот сојуз извојувал победа  во војната а Спарта го воспоставила своето владеење во цела Хелада. 

01 декХЕЛАДА – Стара Грција

scan0001 Хелада или Стара Грција се простирала на јужниот дел на Балканскиот полуостров, островите  на Егејско, Јонско Море и крајбрежјето на Мала Азија Бреговите на Хелада биле мошне разгранети со заливи полуострови и острови. Западното крајбрежје било стрмно, аисточното со крајбрежни котлини погодни за живеење.  Во вториот милениум пред н.е. на територијата на денешна Грција се доселиле Ахајците а околу 120 година п.н.е.  се населиле и Јонците, Дорците и Еолците. За историјата на Хелада  по доселувањето на Дорците  најмногу дознаваме од познатите епови: Илијада и Одисеја. Според преданието тие му се препижуваат на  поетот Хомер. Затоа времето што тие го опишуваат се нарекува Хомерово време (12-8 век п.н.е)

Во Илијада се раскажува за последните 48 дена од десетгодишната Тројанска војна, која  се водела помеѓу сојузот на грчките држави на чело со градот Микена  и градот Троја (Илион).  Синот на тројанскиот крал Пријам убавецот Парис ја грабнал жената на спартанскиот крал Менелај, убавата Елена и тоа послужило како повод за војна. Но вистинската причина, била борбата за превласт на Егејското Море. Борбите траеле  десет години од 1193-1183 годинап.н.е. Во борбите околу Троја се проославиле многу јунаци на двете страни. Кај Ахајците  најпознат јунак бил Ахил, а кај Тројанците Хектор. Бидејки со години не успевале да ја освојат Троја, грчкиот јунак Одисеј смислил лажно повлекување со бродовите. Претходно пред ѕидините  на Троја, оставиле еден голем  коњ полн со одбрани грчки јунаци. Тројанците помислиле дека коњот им го испратиле боговите како благодарност за успешната одбрана  и го внесле во градот, за што, поради неговата големина морало да се разѕида  и дел од ѕидиштата на Троја. Ноќта јунаците излегле од коњот ги отвориле градските порти, а грчките бродови се вратиле  и Троја била до темел  разрушена и со тоа престанала да постои.  Еден дел од населението било убиено,  а другите натоварени на бродови и одведени во ропство во Грција. Во Одисеја пак се раскажува за десетгодишното лутање и фантастичните доживувања на итриот грчки јунак Одисеј кој бил ктрал на островот Итака  и по Тројанската војна се враќал дома.  Неговиот брод морските бранови го исфрлиле кај киклопот Полиферм, кого успеал да го надитри. Потоа успешно минал до островот на сирените  кои со песна ги мамеле луѓето  и ѓи убивале.  Успешно минал и покрај страшните чудовишта Сцила и Харибда.  По многу збиднувања Одисеј се вратил дома и затекнал многу кандидати  кои сакале да се оженат со неговата верна  сопруга Пенелопа. Но Одисеј сите нив ги победил и пак станал крал на Итака.